Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ оствари средба со заменик-амбасадорката Андреа Штајнер-Вотавова

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Амбасадата на Република Чешка во Република Северна Македонија во Скопје оствари средба со заменик-амбасадорката, Андреа Штајнер-Вотавова на која беше потенцирана соработката што се негува во културата како потврда за вистинските чекори кон просперитетна иднина. Во рамките на посетата беше договорена и Чешката вечер на Охридско лето како дел од настаните од официјалната програма на Фестивалот.


„Ваквата соработка отвора нови можности за подигнување на квалитетот на фестивалската програма која ја реализираме од 12 јули до 20 август. На годинешново издание ќе имаме одличен музички настан со врвни уметници од Чешка. Ќе биде тоа едно прекрасно уживање за публиката“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
Амбасадата на Република Чешка во Република Северна Македонија изминативе пет години непрекинато го поддржува организирањето на настанот „Чешка вечер” во рамките на фестивалот „Охридско лето”.