д.м.г

„Алиса во земјата на стравовите“ ќе се одигра вечерва во 22 часот во Центарот за култура во Охрид

Поради временските неприлики, театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ со која треба да се затвори 64.издание на фестивалот „Охридско лето“, наместо на Античкиот театар, ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва, со почеток во 22 часот..

„Алиса во земјата на стравовите“ ќе се одигра вечерва во 22 часот во Центарот за култура во Охрид Read More »

Важна информација за затворањето на 64. Охридско лето

Со оглед на временските неприлики, дополнителни информации за одигрувањето на претставата „Алиса во земјата на стравовите“ со која треба да биде затворено годинешново 64.Охридско лето, ќе бидат објавени во 20:00 часот на официјалната страница на фестивалот, www.ohridskoleto.com.mk и на социјалните мрежи.

Важна информација за затворањето на 64. Охридско лето Read More »

Француските уметници Ками Тома и Жулиен Брокал ја закружија музичката програма на годинешното „Охридско лето“

Прекрасно музичко доживување за крај на класичниот репертоар на годинешното 64.издание на фестивалот „Охридско лето“ приредија француските уметници Ками Тома на виолончело и Жулиен Брокал на пијано вчеравечер во црквата „Света Софија“  во рамките на традиционалната Вечер на Европска унија. Двајцата уметници, виртуози на своите инструменти, со внимателно одбран репертоар на кој се најдоа композиции

Француските уметници Ками Тома и Жулиен Брокал ја закружија музичката програма на годинешното „Охридско лето“ Read More »

Поповиќ: Понудивме квалитет со кој го оправдавме епитетот на препознатлив и единствен фестивал

Годинешното 64.издание на фестивалот „Охридско лето“  ќе биде затворено вечерва на Античкиот театар од 21 часот со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ во изведба на  Југословенски драмски театар од Белград, Република Србија, а во режија на еден од нашите најдобри режисери со меѓународно реноме, Александар Поповски. Осврнувајќи се на годинешното

Поповиќ: Понудивме квалитет со кој го оправдавме епитетот на препознатлив и единствен фестивал Read More »