„Алиса во земјата на стравовите“ ќе се одигра вечерва во 22 часот во Центарот за култура во Охрид

Поради временските неприлики, театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ со која треба да се затвори 64.издание на фестивалот „Охридско лето“, наместо на Античкиот театар, ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва, со почеток во 22 часот..