Aмбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, вечерва ќе присуствува на Европската вечер на Охридско лето на која настапуваат СИГНУМ Саксофон квартет од Германија. Европската вечер на Охридско лето започна да се организира во 2007 година со настапот на Барокниот Оркестар на Европската Унија. Оттогаш, Делегацијата на Европската Унија дава финансиска помош за учество на европски музичари на овој реномиран фестивал со цел да ја поддржи културната соработка и размена.