ЕУ вечер

Пабло Бараган-кларинет

Роден во Андалузија, а со адреса на живеење во Берлин, Пабло Бараган од секогаш огромно значење придавал на интеракцијата помеѓу музичарите за време на заедничкото музицирање, сметајќи дека токму таа симбиоза помеѓу нив е идеалот при интерпретацијата на музичките дела. Од оваа појдовна точка тој ги креира своите соло настапи со оркестар кои помеѓу другите ги вклучуваат Симфониските оркестри во Базел и Хамбург, Симфонискиот оркестар на Шпанската РТВ, Словачката филхармонија, но така ги гради и соработките во светот на камерната музика кои ги реализира на фестивалот „Шлезвиг-Холштајн“,  Интернационалниот фестивал „Моливос“ или фестивалот на Марта Аргерич на кои меѓу другото настапува со пијанистите Данае Доркен, Софи Пачини, виолинистката Ноа Вилдшут, виолончелистот Киан Солтани и квартетот „Шуман“.

Во сезоната 2022/23 Бараган настапува со Словачката филхармонија, со камерниот оркестар „Франц Лист“, со филхармонијата на Баден Баден, „Брукнер“ оркестарот во Линц и Камерниот оркестар во Келн, додека пак од неговите камерни настапи сезонава се издвојуваат пет концерти на Фестивалот „Мекленбург – Форпомерн“ каде ќе настапува со селекторката на програмата Ноа Вилдшут, како и со други истакнати камерни музичари како Тимоти Ридаут, Џулија Хаген, Стивен Вартс и Тобиас Фелдман. Од особено значење годинава е неговото деби во лондонскиот „Вигмор Хол“  каде ќе го изведе Квинтетот за кларинет  од Ј. Брамс заедно со квартетот „Шуман“. Следат настапи и со квартетите „Модиљани“, со триото „Ситковетски“ и со квартетот „Кремона“.

Настапите го водат Пабло Бараган низ Европа и Јужна Америка каде настапува на фестивалот во Картагена (Колумбија), но и во Сао Паоло, Лима и  Буенос Аирес каде настапува под закрила на Интернационалниот фестивал од Ерусалим.

Пабло Бараган студира на конзерваториумот во Севилја во класата на Антонио Салгуеро, а се усовршува кај Матиас Гландер на академијата „Баренбоим-Саид“ во Севилја. Се стекнува со непроценливо искуство свирејќи во оркестарот „Запад-Исток“ основан од Даниел Баренбоим. Во 2011 година е добитник на наградите на Музичката младина на Шпанија како и Европската награда за млади музичари. Во 2012 година е лауреат на АРД натпреварот во Минхен, во 2013 ја добива наградата на Кредит Свис за млади солисти и настапува на фестивалот во Луцерн. Од 2020 година Бараган е предавач на академијата „Баренбоим-Саид“ во Севилја и одржува мајсторски курсеви на Фестивалот во Трентино.

Пабло Бараган е ексклузивец на компанијата за изработка на кларинети „Бакун“ и свири на модел на кларинет „Бакун Лумиер“.

 

Елоиз Бела Кон-пијано

Елоиз Бела Кон е редовно застапена на некои од најзначајните фестивали и концертни подиуми во Франција како театарот „Шанзелизе“,  салата „Гаво“, аудиториумот на музејот „Орсај“, салата на француското радио, фестивалот „Рок Антерон“, фестивалите во Лил, Тулуз, Руен, како и на интернационалниот фестивал во Акс ен Прованс.

Родена во Париз во 1991 година, Елоиз Бела Кон го започнува музичкото образование на четири годишна возраст во школата „Јамаха“, а продолжува  да студира на Парискиот конзерваториум со Мишел Бероф, Ерик ле Саж, Давид Фре и Пјер-Лорен Аимар. Се усовршува на Универзитетите во Фрајбург и Виена со Лилја Зилберштајн. За време на студиите посетува мајсторски класови  кај Алдо Чиколини, Дмитри Башкиров, Томас Адес, Роберт Левин, Кристијан Закаријас и Андраш Шиф.

Во 2016 година Бела Кон се закити со наградата за Млад уметник на годината од списанието „Дијапазон“, а од 2018 година е и официјален уметник под закрила на брендот „Јамаха“ а овие две признанија како и длабочината на нејзината музикалност ѝ  помагаат нејзината кариера да се придвижи во нагорна линија. Заедно со виолинистот Кристоф Конц го основа фестивалот  „Европски денови на музиката“ во Хајделберг, а како солист и камерен музичар настапува на престижните концертни подиуми како што се: филхармонијата во Берлин, виенскиот „Концертхаус“ и „Музикферајн“, „Концертгебау“ во Амстердам, „Моцартеум“ во Салцбург… Сцената ја дели со признати оркестри и диригенти, а нејзини партнери во камерната музика се: Даниел Отензамер, Ноа Бендикс -Балгли, Силвија Кареду, Софи и Феликс Дерво, солистите на Виенската и Берлинската филхармонија како и Нобуко Имаи, Арабела Штајнбахер, Рено Капусон, Емануел Тјекнаворијан, Ајлен Притчин, Филип Беро, Мишел Портал и Ерик Ле Саж.

За нејзините три албуми добитничка е на наградите „Шок класика“ и  „Златен дијапазон“ и награда на музичките критичари на Франција.

 

Програма:

 

А. Месажер: Конкурсно соло

 

И. Албениц: „Севиља“ (аранжман Крајслер/Бараган)

 

Ф. Пуланк: Соната за кларинет и пијано

Allegro tristamente

Romanza

 Allegro con fuoco

 

-пауза –

 

М. Де Фаља и И. Албениц: Избор на песни

 

А. Вебер: Гранд дуо кончертанте оп. 48

Allegro con fuoco

Andante con moto

Rondo, Allegro

Дата

28 Јул 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *