Руденс Турку – виолина, Германија Милана Чернјавска – пијано, Украина
Германскиот виолинист Рубенс Турку своето деби го доживува во Америка, по што неговата концертна дејност зема замав и тој се појавува во најголемите концертни сали во светот, и на најпрестижните музички фестивали во Германија. На овие настапи Турку се прославува како солист и камерен музичар заедно со изведувачите: Јулија Фишер, Албан Герхард, Ана Чумаченко, Милана Чернјавска, и голем број значајни музички ансамбли и оркестри. Неговата дискографија опфаќа неколку компакт дискови одлично прифатени од слушателите и стручната јавност. Успешен е и на полето на образовната дејност. Имено Турку, е професор на Државниот конзерваториум во Форарлберг, Австрија, на Академијата Пероси во Биела, Италија, а редовно одржува и мајсторски курсеви во повеќе земји во светот.
Германската пијанистка со украинско потекло, Милана Чернјавска, се смета за една од водечките пијанистки денес. Постојано е присутна на светската сцена, на интернационалните фестивали во речиси сите големи музички центри. Нејзините артистички достигнувања се наградени со бројни национални и интернационални награди. Покрај солистичката дејност, Чернјавска е позната и како камерен изведувач. Во нејзината дискографија се сретнуваат повеќе десетици компакт дискови, направени во соработка со познати издавачки куќи. За нив Чернјавска има добиено повеќе награди. Често одржува и мајсторски курсеви, а може да се сретне и како член на жирито на повеќе престижни пијано натпревари.
Програма:
Лудвиг ван Бетовен (1770-1827): Соната за пијано бр. 8, оп. 13
- Grave – Allegro di molto e con brio
- Adagio cantabile
- Allegro
- Allegro molto ed appassionato
- Аllegretto espressivo alla Romanza
- Allegro animato
- пауза –
- Allegro risoluto
- Larghetto
- Molto vivace
- Allegro
- Allegro con brio
- Adagio cantabile
- Allegro – Trio
- Allegro
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2047