Руденс Турку – виолина, Германија Милана Чернјавска – пијано, Украина

Германскиот виолинист Рубенс Турку своето деби го доживува во Америка, по што неговата концертна дејност зема замав и тој се појавува во најголемите концертни сали во светот, и на најпрестижните музички фестивали во Германија. На овие настапи Турку се прославува како солист и камерен музичар заедно со изведувачите: Јулија Фишер, Албан Герхард, Ана Чумаченко, Милана Чернјавска, и голем број значајни музички ансамбли и оркестри. Неговата дискографија опфаќа неколку компакт дискови одлично прифатени од слушателите и стручната јавност. Успешен е и на полето на образовната дејност. Имено Турку, е професор на Државниот конзерваториум во Форарлберг, Австрија, на Академијата Пероси во Биела, Италија, а редовно одржува и мајсторски курсеви во повеќе земји во светот. Германската пијанистка со украинско потекло, Милана Чернјавска, се смета за една од водечките пијанистки денес. Постојано е присутна на светската сцена, на интернационалните фестивали во речиси сите големи музички центри. Нејзините артистички достигнувања се наградени со бројни национални и интернационални награди. Покрај солистичката дејност, Чернјавска е позната и како камерен изведувач. Во нејзината дискографија се сретнуваат повеќе десетици компакт дискови, направени во соработка со познати издавачки куќи. За нив Чернјавска има добиено повеќе награди. Често одржува и мајсторски курсеви, а може да се сретне и како член на жирито на повеќе престижни пијано натпревари.   Програма:   Лудвиг ван Бетовен (1770-1827): Соната за пијано бр. 8, оп. 13
  1. Grave – Allegro di molto e con brio
  2. Adagio cantabile
  3. Allegro
  Едвард Григ (1843-1907): Соната за виолина и пијано бр. 3, оп. 45
  1. Allegro molto ed appassionato
  2. Аllegretto espressivo alla Romanza
  3. Allegro animato
 
  • пауза –
  Антонин Дворжак (1841-1904): Соната за виолина и пијано, оп. 100
  1. Allegro risoluto
  2. Larghetto
  3. Molto vivace
  4. Allegro
  Лудвиг ван Бетовен (1770-1827): Соната за виолина и пијано бр. 7, оп. 30 бр. 2 c- moll
  1. Allegro con brio
  2. Adagio cantabile
  3. Allegro – Trio
  4. Allegro
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2047