„Охридско лето“ делеше рекламен материјал во центарот на градот

Младите од “Охридско лето„ денес делеа рекламни флаери за настаните на фестивалот.

 

Флаери и брошури се делеа во строгиот центар на градот, поточно низ охридската чаршија.

 

И посетителите на кафетеријата „Аквариус“ кој е верен пријател на „Охридско лето“, добија рекламен материјал за настаните што годинава се одржуваат на 58-то издание на „Охридско лето“.

 

 

Инаку, фестивалот „Охридско лето“ има поставено и билборди на повеќе локации во центарот на Скопје, како и еден билборд наспроти зградата на телефонскиот оператор „Македонски Телеком“ во Охрид.

dav