Уникатна изведба на „Мизантроп“ на „Охридско лето“

Огромна енергија и динамика, врвна актерска игра, Молиер во современ контекст, донесе Театар „Комедија“ од Скопје синоќа на фестивалот „Охридско лето“, премиерно изведувајќи ја театарската претстава „Мизантроп“.

Сцената во центарот за култура „Григор Прличев“ каде што се одигра премиерата блескаше со одлична сценографија, кореографија и костимографија.

„Мизантроп“  го наполни гледалиштето, а за оваа премиерна изведба, се бараше карта повеќе.