Театарска претстава „Во Агонија“ од Мирослав Крлежа
Славната драма на Крлежа, дел од трилогијата за Глембаеви, е поставена како жесток судир на тројца луѓе. Во фокусот на безвременската приказна за љубовниот триаголник и подемите и падовите во општеството, се наоѓаат сензитивната и разочарана Лаура Ленбахова, која храбро ја поднесува имотната и општествената деградација работејќи во својот кројачки салон и служејќи ги муштериите, нејзиниот интимен пријател, адвокатот д -р Иван пл. Крижовец, кој успеал да се снајде во новонастанатите општествени ситуации и мажот на Лаура, пијаница и коцкар, бивши коњанички потполковник и бивши затвореник баронот Ленбах.
” Крлежа е класичар. Претставата „Во агонија ” е играна на сите сцени на Хрватска, а со тоа нашиот предизвик и одговорност беа уште поголеми, да се создаде нешто ново и поинакво од предлогот кој толку пати е режиран. Ние експериментираме, истражуваме, настојувавме да создадеме претстава кој нема да биде само убава интонација и совршено изговорени реченици на Крлежа без емотивно покритие. Нашата цел беше да создадеме возбудлива, жива, драматична претстава што ќе биде поинаква, но сепак ќе остане на Крлежа “.
Нела Кочиш
Сценографија: Петра Крилетиќ
Костимографија: Марита Ќопо
Улоги:
Лаура Ленбахова: Нела Кочиш
Иван племенитиот Крижовец: Озрен Грабариќ
Барон Ленбах: Дарко Стазиќ
Не се препорачува за публика под 18 години!
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2038