АМИРА ТРИО

Музичкиот новинар Гарт Картрајт ја нарекува „босанската Били Холидеј“, алудирајќи на начинот на кој Амира Медуњанин се „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години. Оваа уникатна вокалистка е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со познати светски издавачки куќи, постојано добива одлични критики. Дебитантскиот албум „Роса“ е прогласен за албум на годината во Велика Британија, додека пак албумот „Зумра“ е добитник на наградата „Индекси“. Во нејзината музика, покрај обработката на босанската музичка народна традиција, се среќаваат и мелодии од српски и македонски традиционални песни. Добитник е на престижната награда „Најдобар женски вокал 2012“ од страна на фондацијата „Orange“. Звонимир Шестак најпрвин се запишува на Државниот конзерваториум во Карнтен, Австрија, каде студира џез-контрабас. Своите студии ги продолжува на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, на кој и дипломира во 2012 година. Во 2014 година се стекнува и со својата магистерска диплома. Има активна концертна дејност, постојано соработувајќи со популарни музички имиња и ансамбли од целиот свет. Гитаристот, композитор и аранжер Анте Гело своите дипломски и постдипломски студии ги завршува на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, Австрија. Како изведувач во текот на својата кариера соработувал со значајни имиња од џез и поп музичката сцена. Покрај тоа, познат е и како студиски продуцент и аранжер, за што е добитник на бројни награди. Често одржува џез-работилници на повеќе места низ Хрватска.   Програма:   Босански и македонски народни песни:  
  1. Pjevat ćemo šta nam srce zna
  2. Твоите очи Лено мори
  3. Vjetar ružu poljuljkuje
  4. Kad ja pođoh na Bentbašu
  5. Oj golube, moj golube
  6. Moj dilbere
  7. Ah, što ćemo ljubav kriti
  8. Ako znaš bilo što
  9. Što te nema
  10. Snijeg pade na behar na voće
  11. Македонско девојче
  12. Gde si dušo, gde si rano
  13. Sve ptičice zapjevale
  14. Oj meglica
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2045