Дуо пијано
Бугарскиот пијанист Иво Варбанов е еден од најпознатите претставници на бугарската музичка култура во светот. Пијаното започнал да го изучува на шестгодишна возраст под менторство на Елеонора Карамишева. Во понатамошното негово школување му помогнале видни пијанистички имиња, какo: Рикардо Бертацоло, Илонка Декер, Суламита Ароновски, Франк Вибот, а се усовршувал и на мајсторските курсеви на Александар Лонквич, Бери Даглас и Лев Наумов. Варбанов има богата дискографија, а во 2014 година, заедно со неговата сопруга Фиамета Тарли, основа и своја издавачка куќа – ICSM Records. Настапува како солист и камерен музичар со голем број истакнати артисти. За промоција на бугарската музика надвор од границите на земјата, Варбанов е добитник на наградата „Иван Вазов“, а во 2011 година ја добива и наградата „Сребрен лав“ која ја доделува Министерството за надворешни работи.
Фиамета Тарли се запознава со пијаното на пет-годишна возраст благодарение на италијанскиот пијанист Џампиеро Семераро, а на само 9 години го одржува својот прв концерт. Дипломира на Конзерваториумот во Фиренца, под менторство на истакнатите професори: Марија Типо, Лидија Рочети Пецати и Илонка Декер. Вокална и инструментална камерна музика пак, изучува на Кралската музичка академија во Лондон. За време на својата активна изведувачка и образовна дејност, Тарли успева и да магистрира и да докторира на полето на музикологијата на Кралскиот колеџ во Лондон. Редовно настапува во Италија, Германија, Бугарија, Словачка, Унгарија, Шпанија, Турција и Велика Британија. На полето на камерната музика често настапува со својот сопруг Иво Варабанов.
Програма:
Јоханес Брамс (1833-1897): Љубовни песни, оп. 52
- Rede, Mädchen, allzu liebes. Im Ländler-Tempo
- Am Gesteine rauscht die Flut
- O die Frauen
- Wie des Abends schöne Röthe
- Die grüne Hopfenranke
- Ein kleiner, hübscher Vogel nahm. Grazioso
- Wohl schön bewandt
- Wenn so lind dein Augen mir
- Am Donaustrande
- O wie sanft die Quelle
- Nein, est ist nicht auszukommen
- Schlosser auf, und mache Schlösser
- Vögelein durchrauscht die Luft
- Sieh, wie ist die Welle klar
- Nachtigall, sie singt so schön
- Ein dunkeler Schacht ist Liebe. Lebhaft
- Nicht wandle, mein Licht. Mit Ausdruck
- Es bebet das Gesträuche. Lebhaft
- Verzicht, o Herz, auf Rettung. Lebhaft, doch nicht Schnell
- Finstere Schatten der Nacht
- An jeder Hand die Finger
- Ihr schwarzen Augen
- Wahre, wahre deinen Sohn
- Rosen steckt mir an die Mutter
- Vom Gebirge Well auf Well. Lebhaft
- Weiche Gräser im Revier. Ruhig
- Nagen am Herzen fühl ich
- Ich kose süß mit der und der
- Alles, alles in den Wind. Lefhaft
- Schwarzer Wald, dein Schatten
- Nein, Geliebter, setze dich
- Flammenauge, dunkles Haar. Lebhaft
- Zum Schluss. (Nun, ihr Musen, genug). Ruhig
- пауза –
- Обожување на Земјата
- Жртвата
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2039