„176 Клучеви“ Боите на црното и белото
Пијанистката Сун Хи Јоу е една од највозбудливите изведувачи во подем, која постојано ја воодушевува публиката низ светот. Уште од самото нејзино деби, таа од дете-гениј прераснува во комплетен музички артист со изразена експресивност и техничка зрелост во свирењето. Соработувала со голем број оркестри под диригентската палка на исклучителни светски диригенти. На нејзиниот репертоар се наоѓаат разновидни дела – почнувајќи од времето на Барокот, па сè до дела од дваесеттиот век. Има издадено и неколку компакт-дискови.
Пијанистот Марко Чампи е извонреден изведувач, тоа го докажува и фактот што досега има победено на преку 30 национални и интернационални пијано натпревари. Дипломирал на престижниот конзерваториум „San Pietro a Majella“ во Неапол во 2003 година со највисоки оценки. Како солист, Чампи досега се појавил на некои од најпрестижните сцени во Европа и Америка, како и на повеќе фестивали во светот. Во текот на својата кариера работел со проминентни оркестри и истакнати композитори и изведувачи. Неговите изведби редовно се емитуваат на престижни радио станици.
Програма:
Франц Лист (1811-1886): Тарантела од „Венеција и Неапол“
изведува: Марко Чампи
Фредерик Шопен (1810-1849): Ноктурна оп. 27
- Lento sostenuto
- пауза –
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2037