Театарска претстава „НЕСООДВЕТНО ЗА НА РАБОТА“ Од: Луси Кирквуд Режисер: Доналд Ворен Мофет
Драмски театар, Скопје
Современата британска драматургија е карактеристична по отвореноста кон различните тематски дискурси, и без исклучок инсистира на тематска поврзаност со актуелни општествени прашања и превирања. Тематското покривање на проблемите и прашањата на маргинализираните општествни групи во современиот театар е сеприсутно од повеќе причини, потребата од општествено ангажиран театар кој има за цел да поттикне на размислување и да провоцира јавно мислење и став за прашања блиски до маргинизираните општествени групи.
Луси Кирквуд е претставничка на современата британска драматургија. Во драмското дело NSFW ( Несоодветно за на работа) се истакнува,критикува,потенцира присутноста на објективизацијата на женското тело и жената воопшто, генерациски проблем со кој се соочува женската популација.
Драмскиот текст е напишан во 2012 година, праизведен во Royal Court Theatre.
Мофет е еден од основачите на Remains Theatre Ensemble од Чикаго, каде учествува како глумец, режисер и продуцент во над 40 претстави. Првпат го привлекува вниманието на јавноста настапувајќи во ценетата драма на Лери Кремер, „The Normal Heart“ во њујоршкиот „Public Theatre“. Подоцна се појавува на Бродвеј во „The Boys of Winter“ и „The Real Thing“, како и продукцијата на „The End of Day“ од Џон Робин Бејтс. Меѓу неговите позначајни актерски остварувања е настапот со Кевин Спејси во одличната продукција на „The Philadelphia Story“ во лондонскиот театар „Old Vic“ во 2005 година.
По преселбата во Холивуд, кариерата на Мофет е поделена меѓу филмот и телевизијата. Неговите главни филмски појавувања ги вклучуваат улогите во „Stealing Beauty“ во режија на Бернардо Бертолучи, „Thirteen“ во режија на Кетрин Хардвик, „Twisted“ во режија на Филип Кауфман, како и „Traffic“ на Стивен Содерберг, за која освои Screen Actors Guild Award.
Од 2016 год. Д. В. Мофет работи како професор на Катедрата за филм и телевизија на
Колеџот за уметности и дизајн во Савана, Џорџија.
Улоги:
МИРАНДА: Ирена Ристиќ
ЕЈДАН: Зоран Љутков
ГОСПОДИН БРЕДШО: Игор Ангелов
СЕМ: Дамјан Цветановски
РУПЕРТ: Стефан Вујисиќ
ШАРЛОТ: Сања Арсовска
Сценограф: Константин Трпеноски
Костимограф: Александар Ношпал
Кореограф: Кренаре Невзати