Самостојна изложба „БРАНОВИ И МИСЛИ“ – Наташа Попоска Карче

Д-р Наташа Попоска Карче е родена 1972 година во Охрид. Стоматолог по професија, од 2013 година, почнува да го моделира и создава својот ликовен и интимен сензибилитет создаваќи реални но и имагинарни пејзажи кои го отсликуваат нејзиниот динамичен и исполнет живот. Длабоко во нив, помеѓу четката и платното можеме да следиме сенки, да го допреме дното, да ја чуеме тајната на езерото…… Во август 2016 година, ја одржува самостојната изложба во Охрид на Терасата во Аквариус, а во јули 2017 година, учествува на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца