Театарска претстава ЧУДЕСНА ТЕРАПИЈА Од : Даниел Глатауер Режисер: Димче Николовски
Драмски театар, Скопје
Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта?
Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме.
Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем.
Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне?
Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада.
Димче Николовски
Димче Николовски е роден на 24 октомври 1978 година во Битола. По завршувањето Гимназија во родниот град се одлучува да стане машински инженер, неуспешно. Неопределен во младоста помеѓу наука и уметност, на крај се одлучува за театарска режија. Магистрира режија во класата на проф. Здравко Митков во НАТФИЗ „Крсто Сарафоф“ Софија. Автор е на романот „Игра во недоглед“ и на драмскиот текст „Грофот“. Моментално вработен во Драмски театар. Некои од претставите кои ги има режирано се: „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер во Драмски театар, „Грета од Фауст“ од Луц Хибнер во Битолски театар, „Мечка“ од А. П. Чехов во Театар Комедија, „Снежана и седумте џуџиња“ од Александра Бошковска во Драмски и други.
Улоги:
Терапевтот: Соња Стамболџиоска
Јоана: Маја Вељковиќ Пановска
Валентин: Предраг Павловски
Драмтург: Александра Бошковска
Костимограф: Раде Василев
Автор на песна: Давид Матевски
Не се препорачува за лица под 12 годишна возраст
Времетраење: 1час и 20 мин.