Кемал Гекиќ – пијано, САД

Програма:   Л. В. Бетовен: Соната оп. 27 бр. 2„Месечева“ -Adagio sostenuto -Allegretto -Presto agitato   Ф. Шопен: Соната бр. 2 оп. 35 b-moll -Grave. Doppio movimento -Scherzo -Marche funebre -Finale   Ф. Шопен: Полонеза оп. 53     -пауза-   А. Ален: „Варијации“ (1999)   Ф. Лист: „Унгарски рапсодии “ бр. 10 и бр. 11   Пијанистот Кемал Гекиќ настапува низ целиот свет изведувајќи широк репертоар на кој секогаш му дава фасцинантен личен печат. Настапува како солист на рецитали или со оркестри меѓу кои: Кралската филхармонија во Лондон, Варшавската филхармонија, Јапонскиот филхармониски оркестар, во сали како  „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Сантори Хол“ во Токио и „Кенеди“  центарот во Вашингтон. Гекиќ има снимено 15 солистички албуми, а за неговиот албум со транскрипции на Росини и Лист ја добива наградата „Розета“ која ја доделува „Пингвин“ водичот за музика, додека пак неговата интерпретација на „Трансцеденталните етиди“ исто така од Лист снимени за Џеј-Ви-Си се смета за една од најрелевантните снимки на овој циклус на сите времиња.  Номиниран е за наградата „Греми“ за снимката на Концертот „Герника“ од Фредрик Кауфман, дело кое е нарачано и специјално пишувано за него. Роден во Сплит, Кемал Гекиќ започнува да учи пијано со проф. Лоренца Батурина, а дипломирал на Музичката Академија во Нови Сад во класата на проф. Јокут Михаиловиќ, каде веднаш по дипломирањето ја започнува својата педагошка кариера и до 1999 е шеф на катедрата за пијано. Во 1999 година е резиденцијален уметник и редовен професор  на Универзитетот во Мајами, Флорида, а истовремено одржува и мајсторски курсеви на повеќе академии низ светот. Често е дел од жири комисии на меѓународни натпревари за пијано, а од 2010 година е основач на Летната школа и фестивал кои го носат неговото име во родниот Сплит.