ФУКИО САКСОФОН КВАРТЕТ, ШПАНИЈА

Програма:   А. Дворжак (аранжман „Фукио саксофон квартет“): Гудачки квартет F-durбр. 12 оп. 96 „Американски квартет“ Allegro ma non troppo Lento Molto vivace Finale. Vivace ma non troppo   И. Албениц:    „Кордоба“  (од Циклусот „Песни од Шпанија“ оп. 232)   А. Пјацола:  „Фугата“   М. Ниман (арр. Дејвид Роач): Гудачки квартет бр. 2 I-III   М. М. Понсе (арр. „Фукио саксофон квартет“): Интермецо бр. 1   Г. Лаго: “Градови“ -Токио -Сараево -Адис Абеба   Хоакин Саез Белмонте- сопран саксофон Хавиер Ларсон Паез- алт саксофон Хозе Мануел Бањулс Маркос, тенор саксофон Kсабиер Касал Арес- баритон саксофон   „Фукио“ се еден од највозбудливите млади саксофон квартети во Европа. Од нивното основање во 2007 г. квартетот е интензивно посветен на истражувањето на камерната музика за саксофон. Тие настапуваат на сцените во: Германија, В. Британија и Шпанија, во Фондацијата „Хуан Марч“ и Национлниот аудиториум во Мадрид, но и на бројни фестивали како Австриската академија „Импулс“, фестивалот за современа музика во Хадерсфилд, Фестивалот за саксофон во Мајорка, како и на фестивали во Келн, Дизелдорф, Франкфурт и на Фестивалот Young Euro Classis во Берлин. Добитници се на бројни награди и признанија од меѓународни натпревари како натпреварот на Музичката младина на Шпанија, натпреварот „Класична порта“ во Барселона, и меѓународниот натпревар Јамаха во Мадрид. Го освојуваат и златниот медал на натпреварот во Луксембург, прва награда на Високата школа за музика „Менделсон“,  како награди во Милано и на натпреварот за нова музика во Карлсруе. Активно се посветени на порачки на нова музика за нивната формација, а еден од главните интереси на „Фукио“ е образовната работа и работата со млади, па често одржуваат мајсторски курсеви и работилници на Универзитетот во Источна Англија и на музичката академија на Балеарските острови. Нивни ментори се квартетот „Касалс“, а поддржани се од фондацијата „Вернер Рихард- Карл Доркен“.