Театарска претстава Јованче и Марика Од Браќа Грим; Режисер: Давор Драгојевиќ
Театар за деца и младинци, Скопје
Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле „вечен” живот. Генерации и генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов помеѓу братот и сестрата, нивната добрина и нивната желба за среќно семејство.
Марика е мила, малку плашлива, Јованче е љубопитен, храбар, доаѓаат во ситуација сами да се борат со вештерката, која го маѓепсала нивниот татко. Тука, се преплетуваат светот на фантазијата и реалноста. Најважната порака на оваа бајка е дека и во најтешките моменти треба да веруваш во себе.
Дали бајка, во денешниот свет, кога на децата им се нудат најразлични содржини може да опстане? Дали и може да „парира” на современата технологија, на компјутерските игри, нa 3Д анимацијата? Секако дека може и тоа токму во театарот!
Улоги:
Катарина Илиевска – Силјановска
Марија Ѓорѓијовска
Драган Довлев
Ана Левајковиќ Бошков
Ангела Димитрова
Драматизација: Дарко Ковачовски и Надја Василева
Сценографија: Надја Василева
Костимографија: Надја Василева
Композитор: Љупчо Мирковски
Наменета за цела публика
Времетраење: 50 мин.