Фестивалот Охридско Лето жали за големата загуба, смртта на нашиот голем пријател и уметник д-р Драган Спасески-Охридски.
Својата креативната енергија ја црпеше од Охрид а со своите уметнички дела ја збогатуваше уметничката вредност на Охридско лето.
„Припаѓам само на Охрид. Само овде можам да творам. Има премногу креативна енергија. Овде сум го нашол духовниот мир. Јас припаѓам на Охрид, и затоа и моето уметничко име не случајно е Охридски“
Неговиот мултидисциплинарен пристап кон уметноста, правејќи совршен спој на различните видови уметност – стиховите, ликовното изразување, ентериерното уредување, дизајнот… беше високо вреднуван од љубителите на уметноста.
Како еден од најголемите претставници на модерниот ликовен израз и презентер на уметноста во Македонија и надвор од неа, минатата година во катедралната црква „Света Софија“, го одбележа тридецениот творечки јубилеј со мултимедијалниот проект „Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“ со што остави врвна уметничка трага во фестивалската историја на Охридско лето.
Велеше „ Патот да се стигне до себе почува од самото раѓање и трае цел живот а идеите доаѓаат како треперење“. Таквите идеи секогаш создаваа врвна уметност, но тој пат беше прекраток за да му се радуваме на неговите следни „треперења“.
Почивај во мир драг пријателе на Охридско лето, твојата уметност засекогаш ќе биде видена и препознаена и за идните генерации, за сите љубители на уметничките вредности. Ние ќе те паметиме како пријател на Охридско лето.
Нека ти е вечна слава !