Концерт „Монастир“, Израел

Сарах Ароесте – солист
Хелена Суша – солист
Сефедин Бајрамов – солист
Шаи Бахар – клавијатури
Шани Шавит – бас гитара
Мајан Доари – удиралки
Вевки Амедов – кларинет

 

„Монастир“, проект предводен од вокалистката и композиторка Сара Ароесте ја слави богатата еврејска култура која цветала во Монастир (денешна Битола) пред Втората светска војна. Ароесте која потекнува од Монастир – Битола посветува години на истражување и проучување на приказните и музиката на оваа сега веќе непостоечка заедница. Проектот „Монастир“ на сцената спојува музичари од Израел, С. Македонија и САД и тие изведуваат песни кои во минатото биле омилени кај Евреите од Монастир со тематика која во себе носи носталгија, меланхолија, спасение и др. Некои песни се изведуваат на јазикот Ладино, сефардски јазик кој го говореле Eвреите во Монастир, додека пак други се на еврејски и на македонски, и во нив се споменуваат Евреите  од Монастир.  За време на пандемијата, Сара Ароесте успева дa го создаде и сними албумот заедно со нејзиниот музички соработник Шаи Бахар (Израел), и албумот е издаден во 2021 година кога добива одлични критики и награди. Концертот ова лето претставува прва изведба во живо на албумот заедно со Хелена Суша, Вевки Амедов, Сефедин Бајрамов, Шани Шавит, Мајан Доари и други гости. Со неверојатни визуелизации и со нови, но и стари композиции „Монастир“ ја раскажува музичката историја на една заедница која била нераскинлив дел од животот во С. Македонија. Проектот е еден вид сведочење за едно минато време, со надеж дека музиката од тој период ќе продолжи да „живее“ и денес.

Дата

24 Јул 2022
Expired!

Време

12:00

Категорија

дополнителна програма
Предворје на Св. Софија

Локација

Предворје на Св. Софија

2 thoughts on “Концерт „Монастир“, Израел”

    1. nikola.ohridskoleto

      Почитувана, не може да резервирате на настан на кој влезот е слободен. Поздрав

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *