nikola.ohridskoleto

СООПШТЕНИЕ за балетската претстава „Кармен свита и Болеро“

Ве известуваме дека поради најавените врнежи од дожд во периодот кој следи, балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ во изведба на Операта и балетот „Мадленијанум“ од Србија, која е на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 22.07.2026 година, наместо на сцената Долни Сарај, ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Промената на […]

СООПШТЕНИЕ за балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ Read More »

Античкиот грчки „Мит за Амазонките“ вечерва  на „Охридско лето“

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ ќе има можност да ужива во  балетската претстава „Митот за Амазонките“ во изведба на АРТ Денс Театар  од Грција, а во режија и кореографија на Артемис Игнатиу. „Митот за Амазонките“ е танцов перформанс кој се базира на античкиот грчки мит за Амазонките,

Античкиот грчки „Мит за Амазонките“ вечерва  на „Охридско лето“ Read More »

Префинето музицирање на триото „Кимера“

Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички  квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото

Префинето музицирање на триото „Кимера“ Read More »

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот  на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“ Read More »

Битолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“

Народниот театар – Битола вчеравечер на „Охридско лето“  премиерно  ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на Народниот театар – Битола вчеравечер на „Охридско лето“  премиерно  ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел. Претставата  се покажа дека е идеално дело  за актерите од Битолскиот театар  бидејќи

Битолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“ Read More »

Несекојдневно музичко доживување со кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“

Извонредните македонско-кинески пријателски односи и културната соработка меѓу Кина и Македонија беа потврдени и вчеравечер со спектакуларниот концерт на Симфонискиот оркестар  „Нингбо“ кој настапи на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“. Кинеската вечер на сцената „Долни Сарај“започна со интонирање на македонската а потоа и на кинеската химна, а поздравен говор имаше амбасадорката на Народна Република

Несекојдневно музичко доживување со кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“ Read More »