Новости

Британска вечер на „Охридско лето“ со пијанистаката Исата Кане-Мејсон

Британската вечер на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во земјава, денеска во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе донесе концерт на пијанистката Исата Кане-Мејсон.   Пијанистката Исата Кане-Мејсон е препознатлива по нејзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на […]

Британска вечер на „Охридско лето“ со пијанистаката Исата Кане-Мејсон Read More »

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“  од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“. Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се  изградат мостови кои ќе ги

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“ Read More »

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“ 

Вечерашниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“ е резервиран за Шпанската вечер на „Охридско лето“ на која ќе настапи триото „Вибрарт“. Ова трио го сочинуваат  пијанистот Хуан Перез Флористан, виолинистот Мигуел Колом Куеста и виолончелистот  Фернандо Ариас Фернандез.  Триото „Вибрарт“ е основано во 2015 година во Берлин и е резултат на спојот

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“  Read More »

Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт за четирирачно пијано што долго ќе се памети

Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава.  Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи  автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која

Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт за четирирачно пијано што долго ќе се памети Read More »

Австриска вечер на „Охридско лето“

Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи  на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година.

Австриска вечер на „Охридско лето“ Read More »

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

По неколкуте успешни гостувања на  одлични солисти и  ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет  под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска Read More »

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Камерниот оркестар на НОБ

Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66.„Охридско лето“.  Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Камерниот оркестар на НОБ Read More »

Хрицова: „Охридско лето“ е жив тестамент за моќта на културата  

Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на  годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира – Уметноста е љубов“. Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и

Хрицова: „Охридско лето“ е жив тестамент за моќта на културата   Read More »

„Кармен свита“ и „Болеро“ – современа интерпретација на балетската класика

На репертоарот на „Охридско лето“  синоќа се одиграа балетските претстави „Кармен свита“ и „Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел, во изведба на маестралните  уметници од Опера и Театар „Мадленијанум“ од Србија, а во кореографија на Александар Илиќ. „Кармен свита“ адаптирана според  Бизеовата опера „Кармен“ ја долови стравствената приказна за Кармен, симболот на слободата и

„Кармен свита“ и „Болеро“ – современа интерпретација на балетската класика Read More »

„Кармен свита и Болеро“ вечерва на „Охридско лето“  за  љубителите на балетот

„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“  од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и 30 минути. Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на

„Кармен свита и Болеро“ вечерва на „Охридско лето“  за  љубителите на балетот Read More »