Новости

Словачка вечер на „Охридско лето“

Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“  ќе одржи концерт  во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“. Овој состав го сочинуваат  Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО […]

Словачка вечер на „Охридско лето“ Read More »

Со „Алумни“ концерт достојно одбележани шест децении ФМУ-Скопје

Со импресивен настап на единаесетмина истакнати уметници на „Охридско лето“  синоќа беа одбележани  јубилејни шеесет години од постоењето на Факултетот за музичка уметност-Скопје. Некогашните студенти на овој реномиран факултет, сопранистките Весна Гиновска-Илкова и Ана Дурловски, басот Игор Дурловски, пијанистите Катерина Гелебешева-Костадиновска, Кристина Светиева, Јанинка Невчева и Глигор Гелебешев, флејтистката Катерина Бачевска, обоистката Надица Ристиќ-Симовиќ, гитаристот

Со „Алумни“ концерт достојно одбележани шест децении ФМУ-Скопје Read More »

На „Охридско лето“ концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност

Во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва со „Алумни“ концерт ќе се одбележат 60 години Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје. Во катедралната црква  „Света Софија“ ќе настапат Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски,

На „Охридско лето“ концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност Read More »

Врвно естетско доживување со младата пијанистка Горјана Стојановска

Новата фестивалска недела на „Охридско лето“ започна со солистички концерт на младата македонска пијанистка Горјана Стојановска која со своето музицирање ја воодушеви публиката во црквата „Света Софија“. Вечерта на пијано започна со прекрасната изведба на Баховото Капричо „На заминување на најмилиот брат“  а  потоа следуваa и шесте ставови на  позната музичка свита од францускиот композитор

Врвно естетско доживување со младата пијанистка Горјана Стојановска Read More »

Пијанистката Горјана Стојановска вечерва со концерт на „Охридско лето“

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и

Пијанистката Горјана Стојановска вечерва со концерт на „Охридско лето“ Read More »

Карловицс: „Која е Лорет“ ги повикува младите да размислуваат за тоа како го градиме сопствениот идентитет, но и како ги гледаме другите

Театарот за деца и младинци-Скопје во рамки на драмската програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“  маестрално ја одигра театарската претстава „Која е Лорет“ од Флоранс Кадије, а во режија на Драгана Милошевски-Попова. Претставата, како што вели директорката на Театарот за деца и младинци, Фросина Карловицс, отвора чувствителни прашања за идентитетот, припадноста и прифаќањето

Карловицс: „Која е Лорет“ ги повикува младите да размислуваат за тоа како го градиме сопствениот идентитет, но и како ги гледаме другите Read More »

МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА ТРАДИЦИЈА ОДЕКНА НА ДОЛНИ САРАЈ – АНА И ИГОР ДУРЛОВСКИ И ОРКЕСТАР „АЈГА“ ПРИРЕДИЈА ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“. Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во

МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА ТРАДИЦИЈА ОДЕКНА НА ДОЛНИ САРАЈ – АНА И ИГОР ДУРЛОВСКИ И ОРКЕСТАР „АЈГА“ ПРИРЕДИЈА ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА ОХРИДСКО ЛЕТО Read More »

Игор и Ана Дурловски и оркестарот „Ајга“  вечерва на „Охридско лето“ 

Извонредните македонски оперски имиња со интернационална уметничка кариера,Игор и Ана Дурловски, вечерва ќе настапат во рамки на фестивалот „Охридско лето“ заедно со камерниот оркестар „Ајга“  под диригентската палка на маестра Ана Спасовска. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Басот Игор Дурловски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје

Игор и Ана Дурловски и оркестарот „Ајга“  вечерва на „Охридско лето“  Read More »

Амазонките оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку креативниот сензибилитет на грчките уметници

Танцовиот перформанс „Митот за Амазонките“  инспириран од легендата за митската раса жени воинки, вчеравечер беше изведен на „Охридско лето“ од грчкиот танцов театар „АРТ денс“. Во сржта на ова атрактивно музичко-сценско дело беа Амазонките, симбол на силата, автономијата и еднаквоста кои оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку динамичен спој на современиот танц и театарски израз,

Амазонките оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку креативниот сензибилитет на грчките уметници Read More »

СООПШТЕНИЕ за балетската претстава „Кармен свита и Болеро“

Ве известуваме дека поради најавените врнежи од дожд во периодот кој следи, балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ во изведба на Операта и балетот „Мадленијанум“ од Србија, која е на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 22.07.2026 година, наместо на сцената Долни Сарај, ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Промената на

СООПШТЕНИЕ за балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ Read More »