Александар Штаркман, пијано, Русија/САД

Дебитантските настапи на Александар Штаркман во Лос Анџелес, Чикаго и Њујорк изнудија голем број пофалби од музичката критика и публиката. Критичарот од „Лос Анџелес Тајмс“ меѓу останатото пишува: „Александар Штаркман. Запомнете го тоа име…“. Штаркман настапува ширум САД во концертните сали во Њујорк, Сан Франциско,  Бруквил, Палм Бич, Сарасота, како и на Фестивалот во Равинија. Неговите оркестарски настапи вклучуваат концерти со симфониските оркестри во Далас, Форт Ворт, со Чикаго „Синфониета“,  фестивалскиот оркестар во Нортвуд и камерниот оркестар во Албакерки.  Во 1995 година, Александар Штаркман ја добива првата награда на меѓународниот натпревар „Бузони“ во Болцано, Италија по што следат бројни покани за рецитали и настапи со оркестар ширум Европа за следните неколку години. Покрај оваа, тој е добитник на награди и на натпреварите „Ван Клибурн“  во 1989 година и на „Чајковски“ во 1994  година. Откако победува на натпреварот во Тајпеј му се отвараат и вратите на концертните сали во Азија. Александар Штаркман настапува во Европа, Азија, САД и земјите во јужна Америка, но и во Русија и земјите на поранешниот Советски Сојуз каде често пати е канет да настапува во малата и големата сала на престижниот Московски Конзерваториум. Од 2002 година, Александар Штаркман е професор на Конзерваториумот „Пибоди“ во Балтимор.