ЕЛЕНА ПАПАНДРЕУ – гитара
Папандреу настапува во повеќе од 40 земји во Европа, Северна и Јужна Америка, а како една од уметниците на програмата „Нови ѕвезди“ на Асоцијацијата на концертни сали на Европа добива можност да настапува и во најпрестижните концертни сали во Европа: „Музикферајн“ во Виена, Филхармонијата во Келн, „Симфони хол“ во Бирмингем и концерната сала во Атина. Настапува и во концертната сала „Чајковски“ во Москва и салата „Кралица Елизабета“ во Лондон. Во 1998 година дебитира во „Карнеги хол“ во Њујорк. Соработува со признати музичари меѓу кои гитаристите: Оскар Гилиа, Алирио Дијаз, Роланд Дајенс, Никита Кошкин, Евангелос Будунис, виолинистот Леонидас Кавакос и виолончелистот Леонид Горохов. Папандреу настапува како солист со оркестри во Грција, Италија, Романија, Турција, Мексико и Сингапур со диригентите: Даниеле Гати, Лан Шуи, Паул Чианг, Кристијан Мандеал, Митос Логиадис, Василис Христопулос и др. Меѓу композиторите кои ѝ посветуваат дела се: Роланд Дајенс, Никита Кошкин, Никос Мамангакис, Гиоргос Кумендакис и Евангелос Будунис.
Елена Папандреу е професор на универзитетот во Солун, Грција.
https://www.kupikartizase.com/Events/elena_papndreu_2019