Концерт на Дуо „СолиПс“; Елена Стојческа- флејта, Македонија/Франција; Роман Петио-гитара, Франција

Програма:   Мауро Џулиани – Големо концертантно дуо оп.52   Клод Дебиси – Прелудиум за попладнето на еден фаун (транскрипција Венсан Еро)   Астор Пјацола – „ Приказна за тангото“   -Пауза-   Рави Шанкар – „Магична зора“ на рага Тоди   Морис Равел – Пиеса во форма на хабанера   Мигел Лиобет – Скерцо-валцер за соло гитара   Мирослав Тадиќ – Четири македонски песни за алт, флејта и гитара   Дуо „СолиПс“ Формирано во 2011 година, Дуото „СолиПс“ го сочинуваат флејтиската Елена Стојческа и гитаристот Роман Петио. Настапуваат на сцените и на фестивали во Франција, Белгија, Чешка, Италија, Русија и Босна и Херцеговина. Од нивните настапи се издвојуваат : „Маскфест“ во Сан Марино, „Форфест“ во Кромериц, Интернационалните фестивал „Сараевска зима“, настапот во Музејот на Скрјабин во Москва, настапот на Неделата на класична музика во Лавоар, во Музејот за уметности во Брисел итн… Камерниот состав флејта – гитара го привлекува вниманието на композиторите уште на средината од  20 век, од времето на Астор Пјацола и неговата „Историја на тангото“. Дуо  „СолиПс“ свири главно музика создавана во 20 и 21 век од страна на композитори како што се:  Доина Ротару, Масимилијано Месиери, Тору Такемицу, Венсан Еро, Лоренс Шеер или Едисон Денисов. Од друга страна Дуо „СолиПс“ исто така,покажува интерес за музиката која е инспирирана од фолклорот, па така посебно внимание им  посветува на делата од: Бела Барток, Душан Богдановиќ, Мирослав Тадиќ, Рави Шанкар. Во 2016 година премиерно го изведуваат делото „Љубовна песна“ од Масимилијано Месиери, композиција создадена и посветена токму за нив,  како и делото „Сон во сон“ за флејта, гитара, глас, вудблок и електроника. Американскиот композитор Лоренс Шер  делото „Капричиозо“ за флејта и гитара го посветува на дуото „СолиПс“.   Флејтиската Елена Стојческа е добитничка на прва награда на Меѓународниот натпревар „АудиМоцарт“ во Роверето, Италија како и на бројни награди од државните натпревари за флејта и камерна музика во Северна  Македонија, како и на натправарите „Буфет-Крампон“  и „Гастон Крунел“  во Франција. Елена Стојческа настапувала  како солист со Македонската филхармонија, оркестарот „Хајдн“ од Болцано и Тренто, оркестарот „Пoл Кунц“, Симфонискиот оркестар „Бакау“ како и со оркестарот  „ Француски флејти“. Како рецитален уметник и камерен музичар настапувала во Франција, Италија, В.  Британија, Турција, Луксембург, Холандија, Р.С. Македонија на бројни фестивали. Членка е на ансамблот флејти „Бонсаи“ и на престижниот оркестар  „ Француски флејти“.  Стојческа е добитничка на повеќе стипендии од  „Отворено општество“- Македонија, фондацијата „Албер Русел“, како и од владите на С. Македонија и Франција. Студирала во С. Македонија, Франција и Италија кај реномирани професори како: Пјер-Ив Арто, Петер Лукаш Граф, Винсент Лукас, Аурел Николет, Ирена Графенауер и Бети Станковска. Професор е на Конзерваториумот Ливри-Гарган, како и на Парискиот централен конзерваториум- ЦМА „В.А. Моцарт“.   Францускиот гитарист Роман Петио е победник на повеќе натпревари како „Гитарманија“ во Алмада, Португалија и „Гитар Фест“ во Белград, а финалист бил и на натпреварот „Роберт Видал“ во Франција. Како рецитален и камерен музичар настапувал  на повеќе значајни  фестивали во:  Франција, Италија, Чешка, Португалија, Русија, Босна и Херцеговина и Шпанија. Премиерно изведува и снима дела за соло гитара од композиторите Лоренс Шер, Венсан Еро и Масимилијано Месиери. Дипломирал со највисоки оцени во школата за музика „Алфред Корто“ и се стекнува со магистерска од областа на педагогијата од Парискиот Конзерваториум. Студирал со Алберто Понсе и Јудикаел Перој, а се усовршувал на мајсторски курсеви кај Дејвид Расел, Зоран Дукиќ, Лоренцо Микели, Павел Стајдл и Карло Маркионе… Роман е роден во 1987 година, живее и работи во Париз каде предава на Регионалниот конзерваториумот во Л’ај ле Роз.
https://www.kupikartizase.com/Events/solips_ohridsko_leto_2020