Француска вечер

Николас Бурдонкле започнува да изучува пијано под менторство на својот татко – Мишел Бурдонкле на конзерваториумот „Дариус Мијо“ во Екс-ан-Прованс, а продолжува во конзерваториумот „Пјер Барбизе“ во Марсеј каде работи со пијанистот Ерик Бершо. Своето оркестарско деби, овој млад пијанист го доживува во 2009 година, и оттогаш непрестано одржува рецитали и концерти со повеќе оркестри. Во 2015 година, ја добива „Супериорната диплома“ како највисоко признание на Националниот конзерваториум за музика во Париз. Моментално се наоѓа на постдипломски студии на Конзерваториумот во Женева.           Мишел Бурдонкле со својата активна пијанистичка дејност редовно е присутен на најпрестижните сцени во светот, каде често соработува со некои од најдобрите изведувачи денес. Со своите изведби, Бурдонкле инспирирал повеќе композитори, кои решиле да напишат дело токму за овој пијанист. Неговата дискографија вклучува дела направени со познати издавачки куќи. Значајни се и неговите мајсторски курсеви кои ги одржува во повеќе земји во светот, а од останатите активности треба да се издвои неговата улога како основач и уметнички директор на Фестивалот, Академијата и интернационалниот натпревар „Пијанистички ноќи“.   Програма:   Фредерик Шопен (1810-1849): Соната за пијано бр. 3, оп. 58
  1. Allegro maestoso
  2. Molto vivace
  3. Largo
  4. Presto non tanto; Agitato
изведува: Николас Бурдонкле   Сергеј Рахманинов (1873-1943): Соната за пијано бр. 2, оп. 36
  1. Allegro agitato
  2. Non allegro – Lento
  3. L’istesso tempo – Allegro molto
изведува: Николас Бурдонкле  
  • пауза –
  Клод Дебиси (1862-1918): 3 прелудиуми
  1. Bruyères
  2. La terrasse des audiences du clair de lune
  3. Feux d’artifices
изведува: Мишел Бурдонкле   Дариус Мијо (1892-1974): „Говедско месо на покривот“, оп. 58 за четирирачно пијано
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2042