Квартет „Филхармонија“, Македонија

Како резултат на потребата за гудачко камерно музицирање на македонската класична сцена, гудачкиот квартет како најсложена форма за интерпретација, како и потребата да прозвучат најголемите класици од железниот репертоар од ваков состав, се создава гудачкиот квартет на Македонската филхармонија, формиран од помлади членови на оркестарот на оваа институција. Со голема поддршка од раководството на институцијата и директорот Виктор Илиевски, „Квартет Филхармонија“ започнува да функционира во октомври 2017 година, а само два месеци подоцна веќе го одржува својот прв концерт. Оттогаш започнува активната дејност на овој квартетот, кој во текот на овие неколку месеци постоење веќе има соработувано со познати диригенти и истакнати уметници во камерното музицирање. Ана Кондратенко (прва виолина) своето образование го започнува во родната Русија, а дипломира на Високата музичка школа во Келн, во класата на светски познатиот виолинист Виктор Третјаков. Како солист и концерт-мајстор е доста активна во Македонија, но и во Русија и голем број други земји во Европа, Америка и Азија. Бојан Илкоски (втора виолина) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Олег Кондратенко. Често настапува како камерен музичар, поле на кое соработува со светски реномирани артисти. Неговата активна изведувачка дејност го носи и вон границите на Македонија. Бојан Талески (виола) најпрвин започнува да свири на виолина, а подоцна се определува за инструментот виола. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Фросина Балова. Чест гостин е на фестивалите во Македонија, но и надвор од неа. Добитник е на награди на неколку натпревари во Македонија и Бугарија. Марија Михајловска (виолончело) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисоката оценка Cum Laude, во класата на проф. Живко Фирфов. Во 2015 година ги завршува и своите магистерски студии на ФМУ во класата на познатиот чешки виолончелист Микал Канка. Учесник е и на повеќе мајсторски курсеви предводени од еминентни музичари.   Програма:   Петар Илич Чајковски (1840-1893): Гудачки квартет бр. 1, оп. 11
  1. Moderato e semplice
  2. Andante cantabile
  3. Allegro non tanto e con fuoco
  4. Allegro giusto
 
  • пауза –
  Дмитри Шостакович (1906-1975): Гудачки квартет бр. 8, оп. 110
  1. Largo
  2. Allegro molto
  3. Allegretto
  4. Largo
  5. Largo
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2025