Николај Лугански – пијано, Русија

Николај Лугански критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахманинов и на Прокофјев. Студирал на Московскиот конзерваториум во класата на видни професори – Татјана Кестнер, Татјана Николаева и Сергеј Доренски. Во текот на својата кариера настапувал во некои од најпрестижните сали во светот „Wigmore Hall“ во Лондон, „Konzerthaus“ во Берлин, „Théâtre des Champs-Elysées“ во Париз, Големата сала на Московскиот конзерваториум, Големата сала на Филхармонијата на Санкт Петерсбург и други, а соработувал и со некои од најзначајните оркестри: Лондонскиот филхармониски оркестар, Чешката филхармонија, Рускиот национален оркестар, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Филхармонијата на Санкт Петерсбург и др. Освем како солист, Лугански настапува и како камерен музичар со изведувачи како: Миша Мајски, Вадим Репин, Александар Књажев. Чест гостин е и на некои од најпознатите фестивали во светот, меѓу кои со  циклусот концерти „The Proms“ одржани  во Лондон, Интернационалниот пијано фестивал во Ла Рок Дантерон, Франција, Музичкиот фестивал во Раингау, Германија, Интернационалниот фестивал во Единбург, Шкотска и многу други, а се јавува и како уметнички директор на фестивалот „Рахманинов“ во Тамбов. Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и „Уметник на народот на Русија“ во 2013 година.   Програма:   Клод Дебиси (1862-1918): Бергамаска суита
  1. Prélude
  2. Menuet
  3. Clair de Lune
  4. Passepied
                                                    Слики (Втора книга)   L’isle Joyeuse  
  • пауза –
  Александар Скрјабин (1871-1915): Соната за пијано бр. 2, оп. 19
  1. Andante
  2. Presto
  Сергеј Рахманинов (1873-1943): Прелудиуми оп. 32
  1. Moderato
  2. Allegro appassionato
  3. Moderato
  4. Vivo
  5. Allegro moderato
  6. Lento
  7. Allegretto
  8. Allegro
  9. Grave – Allegro
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2054