„Подиум на млади“ Виктор Рафајловски, пијано, Северна Македонија
Виктор Рафајловски-пијано
Виктор Рафајловски учи пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј’’ во класата на проф. Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Учествува на бројни натпревари на кои е носител на награди и признанија. Први награди освојува на Државните натпревари во 2010, 2012- 2015, 2017, а во 2019 и 2021 год. освојува специјални први награди. Како учесник на Меѓународни натпревари надвор од земјата победува во Аранѓеловац (2011), Врање (2011), ,,Даворин Јенко” – Белград (2014, 2020 – втора награда), на натпреварот „San Donna di Piave“ – Италија (2015), во Шабац (2016). Покрај тоа носител е на награди и на меѓународниот натпревар на млади пијанисти – Гевгелија (2011, 2019), ЕMCY– Скопје (2015), меѓународен натпревар „Полихимнија“ – Скопје (2017, 2018), ,,Охрид те сакам’’ (2018). На натпреварот „Охридски бисери“ 2012 освојува прва специјална награда, во 2018 втора награда, а во 2020 освојува прва специјална награда во својата категорија. Во 2020 год. Виктор Рафајловски учествува на повеќе реномирани меѓународни натпревари во Македонија на кои остварува високи резултати. На меѓународниот натпревар “Пијанофест – Битола“ освојува прва награда и е прогласен за Најдобар македонски пијанист. На меѓународниот натпреварот „Охрид те сакам“ освојува прва специјална награда во неговата категорија и втора награда на целокупниот натпревар. Учествува и на меѓународниот натпревар „Полихимнија“ – Скопје во 2020 год, каде освојува прва награда и е прогласен за Лауреат на натпреварот, при што учествува и на Мастер класот на Маестро Симон Трпчески, организиран од Фестивалот „Полихимнија“. Во јуни 2021 год. настапува како солист заедно со Македонската филхармонија на концертот ,,Младите доаѓаат’’, под диригентската палка на Маестро Сашо Татарчевски.