„Потполно нешто друго“ Балкан Нуево, Словенија

            Горан Бојчевски го вбројуваат меѓу најдобрите кларинетисти во светот. Своето школување го започнува во Македонија, додипломските студии ги завршува во Љубљана, а постдипломските на Универзитетот „Моцартеум“ во Салзбург. Како солист успешно соработува со врвни музичари и институции ширум светот. Изумител е на музичкиот стил „балкан нуево“, кој се потпира на македонската традиционална музика, модернизирана со елементи од класичната и танго музиката. Јан Север е еден од најпознатите словенечки пијанисти на својата генерација. Редовен гостин е на концертни циклуси и фестивали во Словенија, Германија, Португалија и Бразил. Постојан член е на триото Славко Остерц, чија специјалност е изведба на дела на словенечки композитори од 21-ви век. Добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари, меѓу кои и „Прешерновата награда“ во 2004 година, која претставува највисокото уметничко признание во Словенија. Томаж Марчич своите дипломски и постдипломски студии по хармоника ги завршува во Германија, во класата на видни професори. Неговата концертна дејност се протега низ повеќе европски земји: Германија, Швајцарија, Франција, Хрватска, Австрија, Италија. Како солист и камерен музичар соработувал со значајни музичари и ансамбли за современа музика. Покрај хармониката, негова страст е и хорското диригирање. Јошт Лампрет е словенечки контрабасист, кој во својата солистичка дејност ги впишува настапите со Оркестарот на словенечката филхармонија, Симфонискиот оркестар на РТВ Словенија, а соработувал и со Медитеранскиот младински оркестар. Моментално е на додипломски студии на Музичката академија во Љубљана.   Гудачки квартет од Македонија: Владимир Цветковски – прва виолина Елена Талевска- втора виолина Илза Бафтиари – виола Дејан Теодосиевски – виолончело Димитар Михајловски – соло виолина   Програма:   Вовед „Балкански циркус“ „Импресија” „Подемот” „Грешка” „Прелудиум за југ” „Зајди зајди” (македонска народна, аран. Горан Бојчевски) „Танцот” “Клезмер за 2” “Мементо мори” “Валцерот на седумте велови”
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2034