СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО, БАЛЕТСКИ ГАЛА КОНЦЕРТ „ГОЛЕМИОТ ЧАЈКОВСКИ“

Еден од најзначајните композитори на светската музичка ризница П.И. Чајковски е автор на три значајни балетски партитури кои се столбови на балетската уметност. Создавајќи ја музиката за балет, Чајковски  сметал дека таа е подеднакво важна како и дејствието на сцената, поради што музиката на неговите балети е ненадмината по нејзината убавина, комплексност и  богатство на оркестрација.  Борбата на доброто против злото е честа тема во неговите балети и Чајковски исклучително умешно ја „слика“ таа борба во која светлината секогаш победува над темнината. „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“ и  „Лебедово езеро“ имаат централно место во репертоарите на сите балетски куќи,  а Националната опера и балет со изборот на сцени од овие клучни дела прави достоен омаж наречен „Големиот Чајковски“.   Настапуваат балетските првенци: Марија Кичевска – Шокаровска Мими Поп Алексова – Атанасовска Васил Чичиашвили Бобан Ковачевски Балетски солисти, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет   Диригент: Бисера Чадловска Концерт мајстор: Климент Тодороски