Свечено затворање на Фестивалот Охридско лето 2020; Театарска претстава БОГ НА МАСАКАРОТ oд Јасмина Реза; Режисер: Билге Емин
70 години јубилеј на НУ Турски театар, Скопје
НУ Турски театар, Скопје
Претставата започува со мислата „Дека без оглед на сé, постои нешто што се вика уметност на соживот“ но со развојот на дејствието започнува да се доведуваат во прашање виталните животни вредности како што се: брак, деца, професија, социјална средина, статус итн. Во текот на овие анализи се согледува дека насилството постои во нас а дивјаштвото е дел од нас.
Во текот на драмското дејствие на гледачот му се наметнуваат низа витални прашања: дали „дивјаштвото” е вродена состојба или чувство кое подоцна ни било наметнато; дали ние управуваме со институцијата брак или ние сме управувани од институцијата; имајќи на ум дека секој гледач може да се соочи или на своја кожа да ги осети наведените состојби.
Егото го води човекот до изумирање. Без оглед колку човекот се обидува да излезе од системот, системот го привлекува. Не можете да се спротивставите на системот. Во мигот кога ќе се спротивставиш твојот „Бог на дивјаштвото“ ќе биде уништен од неговиот Бог на дивјаштвото. Важно е: Дали да се држи чекор со системот или не? Дали да се постигне решение на проблемот или не? Сето тоа е определено од одлуките и изборот на поединецот.
Билге ЕМИН
Билге Емин е родена на 15.08.1976 година во Скопје. Во 2000 година дипломирала на Анкарскиот универзитет, Факултет за комуникации – Анкара на катедрата за новинарство. Во 2003 година магистрирала на истиот универзитет на Институтот за социјални науки – Анкара на катедрата за филм и ТВ, со тезата „Драматуршка анализа на жената во филмовите на Халит Рефиг“. Во 2014 година ги завршува магистерските студии на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на катедрата за театарска режија, во класата на професор Слободан Унковски.
Помеѓу 2003-2010 година работи во Градските Театри Истанбул, како раководител на одделението за меѓународни односи. Беше селектор за меѓународниот театарски фестивал „Истанбул-Сцена-Простор“. Нејзините преводи на драмски текстови од балкански автори на турски јазик се поставени на театарските сцени низ цела Турција. Добитник е на многубројни награди.
Улоги :
Сузан АКБЕЛГЕ
Џенап САМЕТ
Филиз АХМЕТ
Селпин КЕРИМ
Сценографија: Татјана Блажевска – Христовска
Костимографија: Марија Пупучевска
Асистент на режија: Џенап Самет
Наменета за цела публика
Времетраење: 1час и 15 мин.