Концерт „Музички пријателства“

Програма:   Ј. С. Бах: Арија од Свита бр. 3 D-dur BWV 1068   С. Веруст: Четврто Концертно Соло оп. 77   Изведуваат: Г. Јосифова/ Е. Атанасовска А. Пјацола: Обливион Изведуваат: Г. Јосифова / С. Темков /Е. Атанасовска   Е. Мориконе: „Обоата на Габриел“ од „Мисија“ Е. Мориконе: Ла Калифа Г. Јосифова/ Е. Атанасовска   Е. Мориконе: Синема Парадизо Г. Јосифова/В. Стефановски/ Е. Атанасовска     Обработки на Македонски народни песни „Си заљубив едно моме“- арж. Сашо Ливрински „Јовано, Јованке“- арж. Васко Атанасовски Г. Јосифова/ В. Стефановски   В. Николовски: Токата Инес Неделковска-пијано   Gipsy song – арж. Васко Атанасовски Касапско оро- арж. Васко Атанасовски Г. Јосифова/В. Стефановски   Не си го продавај Кољо чифликот – арж. Кире Костов Г. Јосифова/ В. Стефановски/ С. Темков/ Е. Атанасовска     Гордана Јосифова-Неделковска-обоа   Проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Киро Давидовски, а се усовршува на академијата „Моцарт“ во Варшава и BANFF центарот за музика и звук во Канада. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Како солист настапува со многу значајни оркестри: Симфонискиот оркестар на националната капела на Санкт Петербург, камерниот оркестар „Музика вива“ под водство на истакнатиот диригент и виолончелист Александар Рудин, Сервантес Филхармонија од Шпанија, oркестарот „Кими Синфониета“ од Финска, оркестарот на Вилах Филхармонија од Австрија, оркестарот на Моравската филхармонија од Чешка, оркестарот „Талин Синфониета“ од Естонија, Симфонискиот оркестар од Рим, Симфонискиот оркестар од Белград, Гудачкиот камерен оркестар на Словенечката филхармонија, камерниот оркестар „Софиски Солисти“, Филхармонијата на Република Северна Македонија, Македонскиот камерен оркестар, камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, Оркестар на Авињон-Прованса, Камерен оркестар од  Порто Алегре – Бразил, Обединет европски камерен оркестар, итн. Со бројни рецитали има настапувано во следниве земји: Канада, САД, Кина, Бразил, Естонија, Холандија, Франција, Белгија, Шпанија, Португалија, Полска, Италија, Германија, Чешка, Русија, Украина (настап со извонредниот виолинист Најџел Кенеди), Финска, Турција, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Северна Македонија. Од големо значење е поканата од страна на легендарниот Енио Мориконе, Гордана Јосифова-Неделковска да настапи заедно со него на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ во 2009 година. По успешното претставување во 2010 на московскиот „Арт Новембер“ фестивал. Таму критиката ја претстави како „поетеса на обоа“, Јосифова- Неделковска активно настапува во Русија и тоа на фестивали како Бах Маратонот во 2011 година и Моцарт Маратонот во 2014. Гордана Јосифова – Неделковска покрај долгогодишната работа како селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ во периодот од 2007-2016 била носител и на повеќе функции во музички организации, во два мандата е продекан на ФМУ- Скопје, а од 2009 година е избрана за декан на истиот факултет кој го води во два последователни мандати. Таа се има закитено и со многу награди и признанија, меѓу кои е и наградите: „13 Ноември“,„Виртуози“ во категоријата меѓународна афирмација, а одликувана е и со престижниот орден на Република Франција – „Витез од Редот на уметности и книжевност“, кој се вбројува во четирите најважни одликувања во Франција. Успешноста на нејзиното делување е потврдена  со едно светско признание-имено, во 2004 година  од Уредничкиот одбор на Американскиот биографски институт Гордана Јосифова-Неделковска е номинирана  во категоријата  „Успешни жени на 21 век“.