Театарска претстава Човек ѕвер и доблест Од Луиџи Пирандело; Режисер: Егон Савин; Театар „Комедија“, Скопје
Пирандело долго пишувал, поминувајќи ги сите фази – од натурализам преку експресионизам и футуризам до авангарда – но во сите свои дела тој секогаш се занимава со „кризата на моралот“.
Лагата и лицемерството е невозможно човековиот однос да го измери, не постои човек што не посегнал по лагата за да ги прикрие своите пороци и слабости.
Пиранделовата лична и литерарна слобода се состои во тоа работите да ги нарекува со свое име.
Во современиот театар има изобилство претстави кои зборуваат за човекот кој се конфронтира со власта, полицијата, војската, бирократијата… Но што се случува со човекот кој е загрозен од своите сакани, од оние што му се најблиски?
Семејната драма е најдобра драма. Секогаш неочекувана, никогаш отворена, секогаш мимикрирана, маскирана со ритуалите на семејниот живот. Понекогаш оваа игра има маска на пријателство, нежност, еротска љубов, грижа и пожртвуваност.
Овие „маски“, овие ритуали на секојдневниот живот им овозможуваат на луѓето колку-толку поднослив живот, без крв. Таквиот живот по одредено време резултира со презир и омраза кон себеси, резултира со меланхолија, со лудило…
Eгон Савин
Егон Савин е редовен професор на Катедрата за режија на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Савин има режирано околу стотина претстави во сите значајни театарски куќи низ цела бивша Југославија, како и во Унгарија и во Италија. Неговите претстави се играат насекаде низ светот, а добитник е и на голем број домашни и меѓународни награди за режија.
Претставата „Човек, ѕвер и доблест“ (Л. Пирандело) му е трета режија во Северна Македонија. Во средината на деведесеттите години Савин работеше на претставите „Злосторство и казна“ и „Лаж и Паралаж“, поставени во МНТ – Скопје
Улоги:
Професор Паолино – Атанас Атанасовски
Морнар Перела – Сашо Ристовски/ Тони Денковски
Госпоѓа Перела – Сашка Димитровска
Доктор Нино Пулејо – Жарко Димоски
Аптекар Тото – Жарко Димоски
Слугинка Розарија – Кристина Ласовска
Ученик Џиљо – Тони Денковски
Слугинка Грација – Жаклина Стевковска Дрнасин
Ноно, 11-годишен син на Перела – Ева Скендеровска
Сценографија : Весна Поповиќ
Костимографија : Елена Дончева
Асистент на костимограф: Ивана Каранфиловска – Угуровска
Не се препорачува за лица под 16 годишна возраст.
Времетраење: 1час и 20 мин