Театарска претстава „Кој ја уби Џенис Џоплин?“

  Кога размислував да направам претстава за лицето, кое ми беше пример и инспирација во текот на тинејџерскиот период, секогаш за неа мислев како да се работи за две личности. Несомнено нејзиното двојство е евидентно; нејзините два лика и нејзините две приказни. Едната е приказна за несигурна, нежна, неприфатена и незаштитена девојка, а другата е за храбра, агресивна основачка на нова листа на критериуми за жените. Едната поради која живеела, а другата поради која починала. Едната која одеше кон својот крај за другата да започне . Дури подоцна наидувам на податокот дека Џенис го добила името по богот Јанус. Се работи за римскиот Бог на крајот и почетокот. Обично е прикажан со две лица, едното гледа на почетокот, а другото на својот крај. Затоа, оваа претстава претставува омаж на една жена која дошла до својот крај за да се случи нов почеток. Ова шоу е омаж на музиката што повеќе не постои. Музика која нема формула за успех, туку емоција за споделување. Музика што не е математика, туку органска потреба. Сакам оваа претстава да инспирира и да им помогне на многумина да бидат тоа што се, а не она што се очекува од нив или им се наметнува како задолжително. Соња Петровиќ Соња Петровиќ, родена е во 1990 година во Бачка Паланка. Дипломирала на Академијата за уметности во Нови Сад, насока мултимедијална режија а мастер студиите ги завршила на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режирала претстави за деца,млади и возрасни како во независниот сектор, така и во институциите како што се: Народниот театар во Сомбор, Новосадскиот театар за млади, Градскиот театар Бечеј и Српско народно позориште. На Радио Белград, режирала неколку радио драми за деца и возрасни, а за делото „Ти си тој ангел“ (адаптација на романот „Мама Леоне“ од Миленко Јерговиќ), ја добила првата награда „Неда Деполо“. Наградувана е на неколку важни фестивали во земјата и странство. Добитник е на годишната на Српското народно позориште за концептот и режијата на претставата „Кој ја уби Џенис Џоплин?“ Таа е директор на традиционалната манифестација на Фестивалот на еколошки театар за деца и млади во Бачка Паланка, за што ја добила Октомвриската награда во 2014 година. Член е на извршниот одбор на мрежата за развој на Театарот за деца и млади АССИТЕЈ Србија и активно работи во водечката група за меѓународната едукативна програма „Следна генерација“. Во својата работа, најчесто се изразува преку музика, танц и модерни технологии, додека тематски го обработува детството, екологијата и прашањето за човековите права. Во моментов посетува докторски студии по уметнички науки на Академијата за уметности во Нови Сад. Драматург: Николина Стјепановиќ Костимограф: Сенка Раносављевиќ Сценограф: Жељко Пишкориќ Улоги: Бојана Милановиќ Соња Исаиловиќ Стефан Вукиќ Димитрије Аранџеловиќ Вукашин Ранџеловиќ Петар Бањац Филип Грубач Игор Сакач Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години. Времетраење: 1 час 45 минути