Театарска претстава „Странци“ од Филипо Болоња

  Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвoра нов проблем? Колку вистината за / на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира во просторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе? Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не отуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отвoрaјќи болни конфликтни ситуации. Истовремено се  потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себе претставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Сѐ  во име на вистината. По соочување со вистината, следи судир со пост вистината, состојба во која фактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа  емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас  (на)прави подобри луѓе? Нела Витошевиќ е професионален театарски режисер. Високото образование  и магистерските студии ги заврши на Факултетот за драмски уметности во Скопје, под менторство на професорот Слободан Унковски. Од 2011 до 2015 година работи и како демонстратор на истиот факултет, на отсекот актерска игра. Нејзината кариера успешно започнува со дипломската претстава “Чикашки перверзии“, на Дејвид Мамет, поставена и изведувана во Драмскиот театар – Скопје.  Понатаму нејзината кариера се развива со претставите “Вејка на ветерот“ и “Да тргнеме Сењор“ во Македонскиот народен театар, “Сон на летната ноќ“ и “Змејовата невеста“ во Прилепскиот театар, “Жена од минатото“ на Роланд Шимелфенинг, “Стари времиња“ од Харолд Пинтер и.т.н. Со претставата “Змејовата невеста“, Нела ги освои и главните државни награди и признанија за театар – награда за најдобра режија и награда за најдобра претстава на Фестивалот „Војдан Чернодрински“.  Од огромна значење за нејзиниот развој како професионалец е и формирањето на нејзиниот независен театар Wonderland Theatre кој донесе свежина и поинаков пристап на независната театарска сцена во Македонија. Таа таму направи неколку претстави: „Фирма“, „5:17“, „Брод за кукли“. За претставата „Брод за кукли“ ја доби главната награда од жирото, за најдобра претстава на фестивалот МОТ. Во моментов е вработена во Македонскиот народен театар каде што ја подготвува нејзината нова претстава. Режисер: Нела Витошевиќ Драматург: Викторија Рангелова – Петровска Сценограф: Костантин Трпеноски Костимограф: Роза Трајческа –  Ристовска Композитор: Огнен Анастасовски Улоги: Микеле – Игор Ангелов Ева – Ирена Ристиќ Карлота – Биљана Драгиќевиќ – Пројковска Пепе – Зоран Љутков Бјанка – Сања Арсовска Козимо – Филип Трајковиќ Роко – Предраг Павловски   Не се препорачува за публика под 18 години!
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2049