Вадим Колоденко – пијано, Русија

Вадим Колоденко има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти. Како добитник на Златниот медал на Интернационалниот пијано натпревар „Ван Клибурн“ во 2013 година, Колоденко започнува да гради интернационална кариера во Европа, Азија и Северна Америка. Низ годините Колоденко соработувал со голем број истакнати диригенти, оркестри и изведувачи, меѓу кои и нам добро познатите: Вадим Репин, Алена Баева и Александар Бузлов. Во соработка со издавачката куќа „Хармонија Мунди“ Вадим Колоденко има издадено повеќе компакт дискови. Еден од најзначајните е компакт-дискот со Оркестарот на Норвешкото радио издаден во август 2015 година, кој е награден со познатата „Editor’s Choice“ награда. На компакт-дискот се наоѓа Концерт за пијано од норвешкиот композитор Едвард Григ и Концертот за пијано бр. 2 од  францускиот композитор Камиј Сен-Санс.   Програма:   Фредерик Шопен (1810-1849): Ноктурна, оп. 48
  1. Lento c – moll
  2. Andantino f – moll
  Фредерик Шопен (1810-1849): Соната за пијано бр. 2  b – moll, оп. 35
  1. Doppio movimento
  2. Scherzo
  3. Marche funèbre: Lento
  4. Presto. Sotto voce e legato
 
  • пауза –
  Сергеј Прокофјев (1891-1953): Соната за пијано бр. 8 во  B – dur , оп. 84
  1. Andante dolce
  2. Andante sognando
  3. Vivace
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=2032