Ванеса Меј- виолина
Ванеса Меј е родена во Сингапур на истиот ден со виртуозот на виолина Николо Пагнини. На четири годшна возраст се сели во Лондон и започнува да учи виолина за на 8 години да замине во Пекинг. Таму ги развива талентот и виртуозноста во класата на Лин Јао Џи. Во Лондон се враќа да ги продолжи студиите по виолина на Кралскиот колеџ за набргу во 1998 година да дебитира на Фестивалот Шлезвиг-Холштајн со одличен прием кај светската музичка јавност, а на само 11 години дебитира со оркестарот „Филхармонија“ во Лондон по што веќе нема запирање за кариерата на Меј која од тој миг натаму е во постојан подем. На 13 годишна возраст „чудото од дете“ Меј веќе има издадено 3 комплетни албуми на кои се поместени концертите од Чајковски и Бетовен, но и виртуозни пиеси од Виењавски, Сарасате и Паганини. Набргу потоа го наоѓа својот стил снимајќи го албумот „Виолинистка“ издаден во 1995 година кој се продава во милионски тираж, наоѓајќи сосем нова публика различна од онаа традиционалната. До денес има продадено повеќе од 10 милиони албуми и добиено 40 интернационални награди за нејзините поп и класични снимки, додека пак концертите се пренесувани во повеќе од 100 земји во светот. Соработува со различни артисти меѓу кои и Џенет Џексон и Принс, а нејзиниот календар е исполнет со настапи со кои до сега ја има обиколено земјината топка повеќе пати. Посетила повеќе од 50 земји, а свирела на атрактивни локации како: Кремлин во Москва, Хајд Парк во Лондон и Акропол во Атина.
Постојано сака да ги предизвикува востановените „стандарди“ и сака да експериментира со начинот на кој и се обраќа на публиката. Настапува на спортски настани, на егзотични локации како на пример на замрзнатото езеро во Сен Мориц, на Лестер сквер во Лондон за прославата на кинеската Нова година, свири за одбележувањето на 250 годишнината од раѓањето на Бах во палатата Ст. Џејмс на покана на Принцот Чарлс, како и на обединувањето на Кина и Хонг Конг. Покрај со музиката, Ванеса Меј се занимава со добротворна работа и спорт, а прогласена е за модна икона и за најубава жена во светот според неколку значајни списанија.
https://www.kupikartizase.com/Events/vanessa_mae_sveceno_otvoranje_na_ohridsko_leto