Почитувајќи ги протоколите за здравствена заштита синоќа на Свеченото отворање на Античкиот театар, Охридско лето“ беше пример за институција која води грижа за уметниците и публиката.
Преземени беа сите безбедносни мерки предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19.
Тимот кој беше дел од организацијата и секој посетител носеа заштитни маски. На влезовите се вршеше дезинфекција на раце, се мереше температура на влез на секој посетител, а се почитуваше и мерката за одржување на физичко растојание од два метри. Претходно на целиот простор, сцената и гледалиштето на Античкиот театар, беше направена дезинфекција од страна на Центарот за јавно здравје. Ваква заштита се направи и по завршување на концертот.
Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, а со цел беспрекорна заштита од вкупниот капацитет од 1700 места на Античкиот театар се намали на 400 односно гостите беа распоредени на 2 метри растојание на секој втор ред од гледалиштето.
-Пред новиот здраствен предизвик како организатори на најголемата културна манифестација покажеме свесност, совесност и одговорност. Со тоа обезбедуваме целосна безбедност и заштита како за уметниците така и за публиката, велат од Охридско лето.