Дождливото време ја сели денешната театарска претстава на „Охридско лето“ од Долни Сарај во Центарот за култура во Охрид

Заради временските неприлики, театарската претстава „Кој ја уби Џенис Џоплин “? наместо на предвидената сцена „Долни Сарај“  вечерва ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 21 часот.

Претставата работена според  текст на Тијана Грумиќ, а во режија на Соња Петровиќ, на годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе ја донесат актерите на Српскиот народен театар од Нови Сад, Р.Србија.

Драмата не се препорачува за лица помлади од 16 години.