На „Охридско лето“ изложба на фотографии „Кина во моите очи“

„Кина во моите очи“ е темата на изложбата што ќе биде отворена вечерва во 19 часот во  малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Годинава се навршуваат 70 години од создавањето на Народна Република Кина и по тој повод, Амбасадата на Н. Р. Кина во Република Северна Македонија, организира изложба на фотографии на која учествуваат сите граѓани кои ја имаат посетено Н. Р. Кина.

Изложбата на фотографии има цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството помеѓу Кина и Република Северна Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Многу од авторите на фотографиите од изложбата  студирале, работеле или ја посетиле Кина.  Фотографиите ќе бидат тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина“, „Историски и културни знаменитости во Н. Р. Кина“, „Кинеските градови и нивните значајни обележја“, „Животот на луѓето во Кина“.

Иницијативата за оваа изложба како и нејзината организација е на Амбасадата на  Н. Р. Кина, Општина Охрид и „Охридско лето“.