Светската атракција „Гласот на Јунан“ од Кина настапи во Центартот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Ансамблот од Пекингшката академија на традиционалната музика, приреди музички спектакл од највисок ранг.
Класичната кинеска музика пренесувана низ генерации беше дел од перформансот, која исто така восхитува со богатата фолклорна култура од различните региони на Кина.
– Кинеската музика може да се пофали со историја долга неколку илјади години во минатото, а токму провинцијата Јунан е позната по исклучително високиот степен на етничка разноликост. Тука припаѓаат најголемиот број етнички групи помеѓу провинциите на Кина. Од 56 официјално признати етнички групи на Кина, дури 25 се наоѓаат во Јунан – појаснија од „Охридско лето“ кои беа организатори на овој настан.