Претставата „Име“ театарот „Комедија“ ќе ја игра на затворена сцена

Поради неповолните временски услови театарската претстава „Име“ на НУ „Театар Комедија“ закажана за денеска на програмата на „Охридско лето“, наместо на отворена сцена на Предворјето на Света Софија ќе се игра на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток од 21 часот.

Одлуката за преместување на местото на изведбата на претставата „Име“ е донесена поради временски неприлики невообичаени за овој период од годината, ниските температури, ветерот и можноста за врнежи од дожд.

Инаку на програмата на 57-то издание на „Охридско лето“покрај театарската претстава за денеска  е предвиден и солистички концерт на италијанскиот виолинист Франческо Дорацио, што ќе се одржи на сцената во Катедралната црква „Света Софија“ по почеток од 20:30 часот.