Заради зголемениот интерес за куклената претстава „Тоби“ што ќе ја изведе Театарот за деца и младинци од Скопје на фестивалот „Охридско лето“, наместо на малата сцена,претставата ќе се одигра на големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, денеска , со почеток во 19 часот.
Продажбата на билети ќе се врши до 18 часот и 30 минути.