СООПШТЕНИЕ: Куклената претстава „Тоби“ наместо на малата ќе се одигра на големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“

Заради зголемениот интерес за куклената претстава „Тоби“ што ќе ја изведе Театарот за деца и младинци од Скопје на фестивалот „Охридско лето“,  наместо на малата сцена,претставата ќе се одигра на големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, денеска , со почеток во 19 часот.

Продажбата на билети ќе се врши до 18 часот и 30 минути.