Во пресрет на вечерашниот голем настан во Охрид, свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ на Античкиот театар во Охрид, од фестивалската дирекција информираат дека во стариот дел на градот попладнево ќе има привремен режим на сообраќај.
Во овој дел на градот каде што гравитира Античкиот театар, ќе биде забрането движење на возила, така што публиката која вечерва ќе биде присутна на Античкиот театар ќе може да пристигне пеш или со такси возило.
На приодите кон Античкиот театар ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат обезбедување и ќе овозможат непречено движење на такси возилата, но и на другите возила со приоритет.
Од „Охридско лето“ им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и повикуваат заеднички да се проследи уште едно свечено отворање со светски познатата уметница Ванеса Меј.
Инаку, од фестивалската дирекција, ги информираат посетителите кои вечерва ќе бидат присутни на овој незаборавен настан, да дојдат на Античкиот театар до 20 часот и 30 минути, бидејќи вратите на влезовите ќе бидат затворени пред 21 часот, кога е и почетокот на фестивалското отворање.