Претпоследниот концерт од музичката програма на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе го одржи тетовскиот Хор „Менада“ под диригентската палка на Ивица Зориќ, вечерва од 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“.
Хорот „Менада“ е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска а-капела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во земјава, поранешна Југославија и Европа меѓу кои награди на натпреварите во Добрич, Цеље, Литомишл, Бад Ишл, Превеза, Нерпелт, Краков и Римини. За квалитетот на хорот сведочат бројните настапи на фестивали, конкурси и концертни турнеи и тоа во: Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска, Португалија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Германија, Грција, Словенија, Австрија, Белгија, Косово…

