Во продажба online влезниците за Охридско лето

Започнува online продажбата на влезниците за овогодинешното фестивалско издание на Охридско лето на www.mktickets.mk.

Online постапката за купување влезница може да се реализира и преку нашата web страна www.klinika.unet.mk од каде автоматски може да се поврзе на интернет продажбата за настанот кој корисникот го има избрано од фестивалската програма.

Физичката продажба на влезниците пак ќе стартува наскоро. Продажни места  и оваа година се Дирекција на Охридско лето- Охрид  и Билетара на кеј.

Во тек се резервациите кои можат да се направат на тел +389 46 262 304 / +389 46 261 304